Голем аплауз за Кинг Мо: Со честитката до Кро Кап ја воодушеви Саитама арена

king-mo-2

Мухамед „Кинг Мо“ е поразен од Мирко Филиповиќ и турнирот мораше да прости веќе во четвртфиналето.

Тоа е тежок удар за минатогодишниот победник на Ризин Гранд при и борецот кого обложовалниците го поставија за дебел фаворит во овој дуел, но и покрај тоа 35-годишниот Американец собра доволно сила и како вистински спортист му честиташе на Кро Кап и неговиот говор ја воодушеви преполната Саитама арена.

„Секоја чест на сите кои се натпреваруваа на овој турнир и поминаа понатаму. Тоа се вистински шампиони. Кро Кап, можеби следната година ќе добијам реванш. Ви благодарам, добивте голема борба“, рече Лоуел и ја пофали јапонската публика за која вели дека ја заслужува најдобрата пртестава од преостанатите четири учесници, потоа и го побара тоа од нив.

По овој меч, Кинг Мо веројатно ќе и се врати на своите должности во Белатор, а Мирко ќе го продолжи својот пат до трофејот во бората со 180 килограми тешкиот Каеда „Баруто“ Ховесон кој во полуфиналето го победи Цујоши Кохсака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО