Кро Кап по големата победа:„Ви благодарам за поддршката, поздрав на моите жабчиња – Иван и Филип“!

mirko-so-mikrofon-na-rizin

Мирко Филиповиќ ќе се пласира во полуфиналето на турнирот на Ризин во отворената категорија благодарение на ударите со кои е запрен во втората рунда на Мухамед „Кралот Мо“ Лоуел.

Откако по првите пет минути борбата ја помина на грбот, Мирко со успешните одбрани и уривањето создаде простор за удари. Една таква серија го испрати на подот брилијантниот Американец и судијата беше принуден да ја прекине борбата. Веднаш по завршувањето на мечот Мирко го грабна микрофонот и за кратко време се заблагодари на сите за поддршката што му ја пружија.

„Ви благодарам за поддршката. За два дена е мојата следна борба – Баруто. Поздрав“, изјави Филиповиќ, а потоа на хрватски ги поздрави своите синови:„На моите жабчиња, Јован и Филип, посебен поздрав“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО