Гого Славески ја забележа четвртата победа против Русинот Курданов (ФОТО)

Македонскиот боксер ја продолжи победничката низа во БКФЦ шампионатот (бокс без ракавици). За Горјан-Гого Славески ова беше четврта победа во низа.

За првпат против Русинот Евгениј Курданов Славески не победи со нокаут, кој дебитираше во овој шампионат. Низ рундите Славески помина со доминација, па така очекувано судиите со едногласна одлука му ја доделија победата.

Со четирите победи во низа после 31. издание на БКФЦ, Славески можеби ќе добие шанса да се бори за титулата. Претходно тој со нокаут ги победуваше Далас Дејвисон, Џастон Стил и Рамал Аманов.

Во својата категорија од 71 до 77 килограме Славески во момент е рангиран на 5. позиција.

Фото: Гого Славеси ФБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО