За Миоки 11 медали на „Хигл опен“ во Винковци-Хрватска

На Меѓународниот џудо турнир „Хигл опен“ што се одржа вчера во Винковци – Хрватска, Миоки настапи со 7 џудисти и освоија 11 медали – 4 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Медалите ги освоија:

У12 Емилија Паскоска 1место

У14 Хамида Друштинац 1 место

У14 Емилија Паскоска 1 место

У14 Петар Давчев 3 место

У16 Ива Богдановска 1 место

У16 Георгина Блажеска 2 место

У18 Ива Богдановска 2 место

У18 Азра Заими 3 место

У18 Георгина Блажеска 2 место

У23 Азра Заими 2 место

У23 Кристијан Цветковиќ 3 место

Емилија Паскоска доби признание и беше прогласена за најуспешен натпреварувач на турнирот во возрасната група У12.

Ова беше последниот од низата натпревари за џудистите на ЏК Миоки пред одржувањето на престижниот куп „Миоки опен“ што ќе се одржи на 6 ноември во Скопје.

Инаку, на турнирот настапија 539 натпреварувачи од Чешка, Романија, Унгарија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Макадонија и Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО