Глигор Стојанов: Ми предвидуваа нокаут, а изгубив за малку – следува настап на легендарниот стадион Лумпини (ВИДЕО)

gligor-vo-agol-na-ring

Глигор Стојанов изминатиов викенд имаше борба во Тајланд со Ванчалерм Нуантонгснукер на „Мај екстрим“ настанот.

Ванчалерм кој има преку 200 борби и настапува за Боџинг салата на полиција, минатата година стана шампион на еден од најтешките турнири во Тајланд, Изузу. Тој славеше и во мечот против Стојанов.

gligor-stojanov-pozira

„Добро поминав. Изгубив за малку, иако сите ми велеа дека ќе изгубам со нокаут, бидејќи противникот е многу јак. Но ме радува тоа што рамото ми е многу подобро и не ме боли, ќе можам пак да се борам. Тоа е добрата вест. Наредните борби се на 23 декември и на 15 јануари“, изјави Глигор Стојанов за Ipon.mk, додавајќи дека тој е еден ретките борци што издражал три рунди, но и повеќе од тоа, бил рамноправен противник на кого и победата му била на дофат.

Тој ќе се бори на најголемиот митски стадион за мај тај во Бангког – Лумпини.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО