Енди Руиз: Подготвен сум да умрам за светската титула (ВИДЕО)

endi-ruiz

Енди Руиз – Јуниор (Мексико) објави дека е подготвен да умре за да ја освои светската титула во бокс за професионалци.

Тој нема никакви проблеми со висината на неговиот противник за титулата на Светската боксерска организација во тешка категорија, Џозеф Паркер (Нов Зеланд). За круната ќе се борат во сабота.

„Сите мои спаринг партнери секогаш биле повисоки од мене и имале поголем распон на рацете. Секој од нив ми беше достапен. Ми се допаѓа да се борам против слични противници. Немам никакви проблеми да влегувам и излегувам од нивниот дофат и да правам комбинации“, вели Руиз.

Двајцата ривали никогаш не биле во нокдаун.

„Паркер немал толку тежок противник со силен удар како мене, а муцката не му е тестирана. За време на подготовките се трудев да не изгубам многу од мојата тежина. Сакав да сум многу силен. Натпреварот е на живот и смрт. Подготвен сум да умрам во рингот, за да го земам овој појас, а со помош на Господ ќе го направи тоа“, рече Руиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО