Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на ОИ во Токио

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на нашиот олимписки тим на игрите кои годинава од 23 јули до 8 август ќе се одржат во Токио, Јапонија.

Георгиевски со триумфот над Радик Исаев од Азербејџан обезбеди А-норма за настап на ЛОИ и неговата желба е сега со златен медал да се врати од далечната Азија од најголемиот спортски настан на светот.

Пред да им се посвети на борбите Дејан ќе ја предводи нашата делегација, поточно ќе биде знаменосец на Македонија на свеченото отворање на ОИ.

-Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио, -објави неговиот тренер Дарко Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО