Андриевски: Очекувам медал од Јованоска, Неделковски и ката-тимот се млади натпреварувачи со голем потенцијал

Македонија на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, од 19 до 23 мај ќе настапи со двајца натпреварувачи во поединечна конкуренција во кати, Пуликсенија Јованоска и Александар Неделковски и со машкиот ката-тим (Александар и Давид Спасовски и Кристијан Бајовски) во екипна конкуренција.

Селекторот за кати, Стојан Андриевски, се осврна на настапот на нашите репрезентативци во кати.

„Пуликсенија Јованоска на минатото првенство беше петта, со реално судење очекувам медал. Александар Неделковски е млад натпреварувач, роден 2002 година, кој во помалите категории на два пати беше блиску до медал. Ката-тимот е составен од млади талентирани каратисти, потенцијал за висок пласман. Тие се родени 2002, 2003 и 2004 година Александар Спасовски, Давид Спасовски и Кристијан Бајовски“, изјави Андривески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО