Гегард Мусаси е новиот шампион на Белатор (ВИДЕО)

Гегард Мусаси (44-6-2) е новиот шампион на Белатор во средната категорија.

Во својата втора борба за организацијата е 32-годишниот холандски државјанин за три и пол минути со удари во партер го нокаутира Рафаел Карваљо (15-2) во неговата четврта одбрана на титулата. На Бразилецот ова му е прв пораз во седумте битки за Белатор.

Дејвид Рикелс (19-5-2 НЦ) го предаде мечот против Мајкл Пејџ (13-0) на почетокот на втората рунда.

Кејт Џексон (10-3-1) со едногласна одлука ја порази Анастасија Јанкова (5-1).

Фил Дејвис (19-4-1 НЦ) со хај кик во третата рунда го нокаутира Линтон Васел (18-7-1 НЦ).

Белатор 200:
Гегард Мусаси – Рафаел Карваљо (ТКО, Р1)
Мајкл Пејџ – Дејвид Рикелс (сабмишн, вербална предавање, Р2)
Арон Чалмерс – Еш Грифитс (сабмишн, гилотина, Р1)
Кејт Џексон – Анастасија Јанкова (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-26, 30-27)
Фил Дејвис – Линтон Васел (КО, Р3)
Анатолиј Токов – Владимир Филиповиќ (сабмишн, гилотина, Р1)

https://youtu.be/nDGC2KGu-FY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО