Кро Кап инспирација за „Психопатот“: Каков череп е ова, го обожувам! (ВИДЕО)

Мирко Филиповиќ одлично расположен во четвртокот за Нова ТВ го даде првото интервју откако излезе од болницата Св. Катерина каде што во понеделникот го оперираше предниот дел на левата нога. Кро Кап поради напукнатост на лигаментите, што се случи во петокот, мораше да го откаже настапот на денешниот Белатор 200 против стариот ривал Рој Нелсон.

Одлично расположен, и покрај тоа што повредата му ги замрси плановите и му ги упропасти неколкумесечните подготовки, Филиповиќ најави брзо враќање.

„Нема предавање“, рече тој, објаснувајќи дека верува оти сигурно ќе се врати во декември, но и многу порано, бидејќи во моментот на повредата беше во врвна форма и го почна процесот на рехабилитација.

Хрватскиот борец и неговата волја вака позитивно да се однесува со тешките повреди е инспирација и на борците во регионот. Па така, најпознатиот црногорски ММА борец Васо Бакоќевиќ на Кро Кап му го посвети денешниот статут на неговиот службен Фејсбук профил. Популарниот „Псхопат“ со видеото во кое Филиповиќ на патерици најавува брзо враќање, напиша:

„Каков череп е ова! Го обожувам! Нема предавање“, напиша Васо и додаде три срца!

Филиповиќ веќе има закажан настап на завршниот настан на РИЗИН предпоследниот ден во 2018 година. Но, според неговите изјави, можно е да го видиме и во акција е наесен. Тој веќе испрати извинување до Рој Нелсон, барајќи од него да го одолжи терминот за мечот за кога ќе биде целосно здрав. Филиповиќ има 43 години, но и покрај позрелите години за професионален спортист, последниве години одлична ги завршува работите на борилишето. Тој има осум победи по ред за прв пат во целата негова кариера.

https://www.facebook.com/mirkocrocop7777/videos/2003294773048543/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО