Френсис Нгану има добри вести

Закрепнувањето на шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану оди побрзо од очекуваното. Камерунскиот борец веќе ја отстрани шипката со која патуваше, како и патериците.

Потсетуваме дека тој беше опериран на десното колено. Тоа беше неопходно поради компликации по успешната последна одбрана на појасот против Сирил Ганe.

Тој сподели и видео како изгледа неговото оперирано колено пред извесно време.

Се очекува опоравувањето на Нгану да трае девет месеци. За тоа време, неговиот шампионски појас во тешка категорија на УФЦ нема да биде слободен, увери Дана Вајт. Голема е веројатноста дека повторно ќе биде употребена средна титула за да се одржи „гладот“ за успех на другите борци во тешка категорија.

„Закрепнувањето оди добро. Со нетрпение очекувам повторно да тренирам“, напиша Предатор на својот Инстаграм профил, а објавата му се допадна на неговиот добар пријател и кик бокс ѕвездата Рико Верховен.

Нгану ги доби последните 6 УФЦ-мечеви со нокаут. Пред да го брани појасот против Гане, тој го нокаутира Стипе Миочиќ на крајот на март 2021 година, со што му ја одзеде титулата. Камерунецот ги победи и Картис Блејдс, Каин Веласкез, Жуниор дош Сантос и Жаирзињо Розенструик. Победата над секој од нив беше постигнат за околу или нешто повеќе од 1 минута.

Вкупниот биланс на Предаторот е 17 победи и само 3 порази (од Дерек Луис, Стипе Миочиќ и Зумана Сисе). Сите победи ги постигна пред официјалниот крај (12 со нокаут и 4 со принуда).

Еден од првите настани во кои ќе учествува ѕвездата се очекува да биде хибридниот дуел со непоразениот боксер Тајсон Фјури. Џипси Кинг најави повлекување од спортот, но откри и хибриден судир со Предаторот.

Сè уште не е понзато кога, каде и по кои правила ќе се случи овој судир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО