Форман: Фјури ќе го победи Вајлдер, веројатно со контроверзна одлука

Џорџ Форман многу точно го предвиде исходот на реваншот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз.

Иако и Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури најавуваат нокаут во нивната втора борба, 71-годишниот член на Куќата на славните смета дека мечот пак ќе отиде до крај.

Во првата борба во декември 2018 година која заврши без победник, шампионот на ВБЦ го собори Фјури два пати за време на борбата.

Форман смета дека нивниот реванш е една од најголемите борби во историјата на тешка категорија.

„По овој меч светот ќе зборува за боксот во тешка категорија“, рече најстариот светски шампион во тешка категорија за Bookies.com.

„Тоа ќе биде добро за боксот. Го сакам тоа. Прогнозирам победа на Тајсон Фјури на поени. Милиони ќе гледаат, а одлуката веројатно ќе биде контроверзна. Нема да му биде лесно да ја избегне десницата. Дионтеј Вајлдер може да удари. Може да удари и тоа тешко. Мислам дека ќе ги растурат и двајцата, затоа што реваншот ќе го следат многу луѓе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО