Флојд Мејведер си купи нова кола за 4,8 милиони долари! (ФОТО)

Mejveder so novata kola

Пред извесно време се појавија гласини дека Флојд Мејведер дека се наканува да купи ултра скапо возило. Па, купувањето веќе е факт, а новиот бисер во гаража му е еден од двата произведени автомобили во светот Koenigsegg CCXR Trevita.mejveder sobira pari vo vreka

Боксерот плати 4,8 милиони долари за новото милениче, кое може да развие брзина од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди. Максималната брзина на супер автомобилите е 402 км/ч.

Ова е уште една придобивка во неговата колекција на автомобили, проценета на 54 милиони долари, а вклучува Ферари, Порше, Ламборџини, Мерцедес, Бугати и други.

Тој исто така поседува и авион Gulfstream V во вредност од 47 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО