Фјури: Средбата Мартин-Џошуа ќе биде рамноправен двобој

Dzosua-Martin

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, спротивно на мислењето на сите останати, смета дека дуелот меѓу Чарлс Мартин и Ентони Џошуа е изедначен.

„Битката меѓу Џошуа и Мартин е изедначена, бидејќи и двајцата се одлични боксери и имаат еднакви шанси за победа. Се надевам дека Антони ќе победи, бидејќи тоа ќе биде успех и за мене. Сакам да се борам со него, а не со Чарлс. Во секој случај, ќе ги земам парите, без разлика на кого ќе се спротивставам. Сепак, борбата ќе биде интересна, бидејќи е непредвидлива“.

Мартин ќе се сретне со Џошуа на 9 април во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО