Фјури побара Би-Би-Си да го тргне од номинацијата за престижна награда, зашто е шампион на народот

Британскиот боксер Тајсон Фјури не е задоволен од потегот на „Би-Би-Си“, кој го номинираше за престижното признание Спортска личност на годината.

Фјури побара од националниот сервис да го елиминира од изборот, иако не е најсериозен кандидат да ја освои наградата.

„Ве молам да ме тргнете од списокот, јас сум шампион на народот и немам потреба некој да го верификува тоа со награда.

Знам што сум направил во спортот, љубовта од луѓето ми е побитна од наградите. Им порачувам на моите фанови да не гласаат за мене, доколку не бидам тргнат од списокот номинирани“, изјавил Фјури.

Главен фаворит за наградата е Луис Хамилтон, а номинирани се и Рони О’Саливен, Џордан Хендерсон, Холи Дојл и Стјуарт Броуд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON