Викторија Варадинова: Одам на победа, сакам да и се реванширам Милијанчевиќ за поразот на СП

Викторија Варадинова на 5 декмври ќе има професионален кик бокс меч на спектаклот „Куп на нациите“ во Нови Сад, Србија, во К1.

Варадинова ќе се сретне со Наѓа Милијанчевиќ во категоријата до 58 килограми. Ова ќе биде прв настап по долгата пауза поради коронавирусот.

Што очекуваш на Купот на нациите во Нови Сад?
-За оваа борба се подготвував во мојот матичен клуб КБК Шампион од Скопје со мојот тренер Дејан Митровски-Урко. Подготовите ми траеја скоро месец дена каде што го дадов максимумот од мене. Очекувам најдобар резултат – победа, но никогаш не се знае, таков е спортот.

Што знаеш за противничката?
-Со противничката ова ќе ми биде втора борба. Прв пат се борев со неа во 2018 година на Светското првенство во Италија каде што изгубив во полуфиналето од неа. Со мојот тренер изминатиов период правевме тактика за борба и се надевам дека ќе ја победам. Знам само дека е фајтер како мене и сака чиста и отворена борба, со што на мене тој стил на борба ми одговара.

Како се подготвуваше за време на пандемијата?
-Веќе нагласив дека се подготвував во КБК Шампион, а исто така и со тренинзи на отворено, кога дозволуваа временските услови, со почитување на сите мерки и протоколи.

Колку ти неодстасуваа борбите?
-Со оглед на ситуацијава последна борба имав во февруари… премногу ми недостасуваа борбите, но, сепак, здравјето ми е пред се.

Дали во меѓувреме почна да се занимаваш и со нешто друго?
-Искрено немав толку слободно време за да можам да почнам со други активности. Бидејќи сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, слободното време што го имав го трошев на учење, испити и предавања.

Дали по овој профи меч ќе настапиш на Балкан бест фајтерс во Јагодина?
-Јас би сакала. Доколку немам некоја повреда од оваа борба, тогаш сигурно ќе настапам на натпреварот во Јагодина. Но, не сакам да ветувам ништо пред време. Сконцентрирана сум на професионалната борба.

Кик бокс сојузот на Србија највува дека мечевите ќе се одржат без публика, но ќе биде пренесуван на Јутјуб каналот „Куп нација“.

Борбена карта:
Алекса Гуша – Андрија Јанковиќ (-67 кг)
Александар Милошевиќ – Никола Совиљ (-71 кг)
Наѓа Милијанчевиќ – Викторија Варадинова (-58 кг)
Никола Миjковиќ – Јован Радовановиќ (-88 кг)
Јован Николиќ – Алмин Хоџиќ (-73 кг)
Љубо Јалови – Милош Бајовиќ (-81 кг)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО