Ленокс Луис објасни зошто Даниел Дубоа ќе има леснао работа во реваншот против Ентони Џошуа

Даниел Дубоа во септември со нокаут во петтата рунда го победи Ентони Џошуа, го одбрани шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија и испрати силна порака до конкуренцијата.

Британецот во тешка категорија го очекуваат големи борби, а една од нив би можела да се случи следната година. Имено, Даниел се надева дека би можел да добие борба со подобриот од дуелот Усик – Фјури кој беше договорен за 21 декември во Саудиска Арабија.

Исто така, постои можност Дубоа повторно да се сретне со Џошуа во рингот во 2025 година, а како потенцијален датум се споменува 22 февруари. Но, промоторот Еди Херн нагласува дека ова не е доволно време за Еј Џеј да се подготви.

Доколку се случи реванш, поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија Ленокс Луис верува дека на Дубоа лесно ќе му помине во вториот меч против Џошуа.

„Ќе биде исто, бидејќи Дубоа следи се. Кога тоа му го направи првиот пат, ќе му биде полесно да го повтори во реваншот. Освен ако Еј Џеј не направи некои драстични промени“, вели Ленокс Луис и додава:

„Ако Џошуа сака реванш, прво мора да направи некои драстични промени во пристапот кон таа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО