Тајсон: Во затвор влегов со 15 милиони долари, а излегов со 300-400 милиони

Мајк Тајсон останува во центарот на вниманието на американската јавност пред борбата со прославениот јутјубер Џејк Пол која ќе се одржи на 15 ноевмри во Текас.

Со цел промоција „Челичниот Мајк“ постојано е активен на телевизиите и на подкастите притоа откривајќи разни теми. Говорејќи на подкастот на Андре Ворд откри и како заработувал додека бил зад решетки во раните деведесетти.

„Во затвор влегов со 15 милиони долари на мојата сметка. Кога излегов имав помеѓу 300 и 400 милиони долари. Дон Кинг и екипата постојано доаѓаа и ми носеа договори кои ги потпишував за веднаш да заработам озбилна сума на пари“, откри Тајсон.

Станува збор за разни спонзорски, промотерски и договори за ТВ права од оние кои го чекаа камбекот на Тајсон во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО