Фјури му порача на Чисора дека многумина не го нокаутирале, па не може ниту бодибилдерот Џошуа

Тајсон Фјури се уште се надева на меч против Ентони Џошуа кој на крајот на септември минатата година остана без титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Британскиот боксер загуби пред своите навивачи во Лондон од Украинецот Александр Усик и така барем засега е откажан мечот против Џипси кинг за обединување на титулата.

И додека Фјури чека ривал против кој треба да го брани појасот на ВБЦ, Џошуа ќе се обиде да ја врати титулата за неколку месеци во рваншот против Усик.

Сите се надеваат дека еден ден може да дојде до пресметка меѓу Фјури и Џошуа, а еден од нив е тешкашот Дерек Чисора кој му дава предност на Ентони.

„Џошуа би бил фаворит на тој меч. Неговата ударна моќ е неверојатна. Ако боксира против Фјури, треба да тргне директно на него. Не смее да биде многу тактичен. Ако сака да боксира, тогаш ќе загуби“, изјави Дерек Чисора.

Таа изјава стигна до Фјури, кој брзо одговори:

„Џошуа никогаш не би ме победил за милион години. Кога не можеше да ме нокаутира најсилниот напаѓач во историјата Вајлдер, а ниту Владимир Кличко, тогаш не може ниту еден голем стар бодибилдер како Џошуа“.

Чисора во текот на кариерата двапати се бореше со Фјури и ги загуби двата меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО