Во моментов и Васил Ломаченко не може да пронајде противник

Украинскиот боксер Васили Ломаченко минатиот месец со едногласна одлука го победи Ричард Коми од Гана и се доближи до борба за титулата.

Се чинеше дека може да добие шанса да се бори со непоразениот шампион Џорџ Камбосос Јуниор кој го освои шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО или можеби со шампионот на ВБЦ Девин Хејни со победата против Теофим Лопез.

Но, засега никој од нив не се заинтересира за меч со Украинецот.

Ломаченко има 16 победи во кариерата и има два порази (Орландо Салидо и Теофимо Лопез). За многумина тој е еден од најдобрите боксери во светот.

„Во моментов никој не сака да се бори против мене“, рече Васили Ломаченко и ги повика Жервонта Дејвис, Рајан Гарсија, Девин Хејни:

„Не сакам да играм по нивните правила. Многумина сакаат да бидат познати и да заработат добри пари, а мене не ми е гајле, само сакам да бидам најдобриот боксер на светот. Ништо не може да ме промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО