Мајк Тајсон и Џејк Пол се договорија за егзебициски меч

Поранешниот неприкосновен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон и Јутјуб ѕвездата Џејк Пол усно се договорија да направат егзебициски меч во Лас Вегас. Тајсон има 55, а Пол 24, но очигледно огромната разлика во годините од 31 година меѓу двајцата не им пречи. Според различни извори нивното шоу ќе вреди 36 милиони фунти.

Мајк (55) се врати во 2020 година по 15-годишно отсуство. Тој се бореше со Рој Џонс на настанот во Лос Анџелес, а средбата заврши нерешено. Пол имаше голем успех минатата година. Џејк ги нокаутира Бен Аскрен и Тајрон Вудли, а американските медиуми го опсипаа со награди. Проблематичното дете во 2021 година заработи 40 милиони во рингот .

Се шпекулираше дека во февруари Тајсон ќе се сретне со Логан Пол, но очигледно Џејк ќе ја искористи таа шанса. Помладиот од двајцата браќа дефинитивно направи повеќе во боксот од Логан, кој дури и не победи во рингот.

Мајк Тајсон е еден од најголемите великани во историјата на боксот. Тој има скор 50-6-2 во рингот и победи на 44 сртедби со нокаут. Тајсон сè уште го држи рекордот за најмлад боксерски шампион во тешка категорија. Ајрон ја освои својата прва титула на 20-годишна возраст.

Близок човек на разговорите откри дека имал усна согласност од двајцата, но сега треба да се разберат за парите и другите детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО