Фјури му порача на Белју: Ќе те нокаутира со врзани раце за една рунда!

Тајсон Фјури повторно упати остри зборови кон неговиот потенцијален ривал, Тони Белју кој го предизвика „Кралот на Циганите“ и му се закани со нокаут по победата над Дејвид Хеј.

„Искрено кажете ми, колку време мислите дека ќе ми треба за да се справам со него?! Тој ќе се умори по пет-шест удари. Дури и да се врзани зад грб моите две раце, овој старец нема да ме победи. Тони, ако го слушаш ова, откако ќе те нокаутирам во првата рунда, ќе те натерам да ми ги исчистиш чевлите. Ако Белју навистина сака да биде нокаутиран, нека контактира со мене. Една рунда“, рече Фјури за новинарите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО