Саки го прозва Биспинг: Цела Европа би го гледала тој меч!

Гокан Саки нема ништо против мечот со поранешниот УФЦ шампион во средна категорија Мајкл Биспинг. Всушност, самиот се нуди затоа што верува дека се работи за дуел на кик бокс и ММА легенда кој ќе предизвикува огромен интерес.

Се започна пред два дена кога Британцот на својот Твитер се запраша:

„Го прашав УФЦ, тие ме прашаа мене. Искрено, кој противник има смисла? Сериозно прашам? Дали е тоа некој млад? Или некоја стара легенда? Јас немам поим… “.

Биспинг се повикува на последниот противник во неговата кариера, бидејќи веќе некое време се знае дека планира да направи само уште еден меч во октагонот и потоа да се збогува со активниот спорт. Веќе некое време во медиумите се расправа за таа тема, но  засега се уште нема знаци дека противникот е одлучен.

На неговото прашање се надоврза Саки нудејќи се како ривал за големиот двовој. Досега, како потенцијални противници се спомнува имињата на Ник Дијаз, Лиото Мачида, , па дури и Лук Рокхолд или Витор Белфорт.

„ММА легендата против кик бокс легендата. Мајкл Бисинг, ги знам и двајцата… “.

„Цела Европа би го гледала тој меч, кој не треба и да се рекламира. Ќе му заштедиме УФЦ во Европа. Заврши ја кариерата со бум“, ги заклучи Турчинот во своите одговори на твитот на Биспинг.

Во овој момент Саки веќе има договорено меч. Тоа е дуелот против Халил Раунтри, кој требаше да се случи во декември, но беше откажана поради повреда на Саки. Сега УФЦ одлучи да ги префрли овој меч во полутешка категорија на УФЦ 226 во јули. Истиот настан, каде што тие ќе се борат Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер.

Биспинг не е одговори на кик бокс легендата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО