Филип Стаменов освои бронза на „Србија опен“, успешно враќање на Дејан Георгиевски

На Светскиот таеквондо куп „Србија опен“ од Г1 ранг само Филип Стаменов освои медал во јуниорска конкуренција, иако многу малку фалеше да бидат неколку.

Филип Стаменов во прво коло славеше на претставник од Србија, а потоа беше поразен од Хрват во полуфиналето. Ова е втор медал за Стаменов од Г1 турнири, и тоа за неколку дена.

Иако не освои медал,но радува фактот што на татамито се врати нашиот најдобар натпреварувач Дејан Георгиевски којпоради повредаимаше три месечната пауза, односно се опоравуваше од скршеницата. Во првото коло фуриозно доаѓа до победа над Французин, а во второто во борбата за медал со модерната икона во овој олимписки спорт Сајад Мардани од Иран, носител на сребрен медал од Светско првенство, тесно е поразен со 17-14 борба. Според информациите од нашиот табор, во 90 отсто од борбата Дејан имал водство. Сепак, најважно е што тој добро работел во првиот настап. Но и тоа, Дејан се борел со една рака.

Марко Аврамовски во првото коло победил, а во борбата за медал е поразен од Словенец. Анамарија Георгиевска е пораз Габонка 7-5
Наредните Г-1 купови се во Хрватска и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО