Фигередо брзо го заврши Перез на УФЦ 255 (ВИДЕО)

43

Дејвисон Фигередо го победи Алекс Перез со гилотина во главниот меч на УФЦ 255. Борбата во Лас Вегас, Невада, беше за титулата во мува категорија.

Средбата заврши само по една минута и 57 секунди.

Тие почнаа со тешка размена во стоечка положба. Динамиката беше пренесена на партер, каде шампионот проба да ја заклучи ногата на Перез, но осмети дека нема да проработи.

По кратка борба и размена на водечката борба, Фигередо од никаде го најде вратот на предизвикувачот и се обиде со гилотина.

Алекс Перез почна да станува, но му снема воздух и ќе се се задушеше, пр што следеше предавање.

Резултати УФЦ 255:
Дејвисон Фигередо – Алекс Перез ЗАВ (гилотина) (Р1, 1:57)
Валентина Шевченко – Џенифер Маја едногласна одлука
Тим Минс – Мајк Пери едногласна одлука
Катлин Чукагијан – Синтија Калвило едногласна одлука (30-27 x3)
Пол Крег – Маурицио Руа ТКО (Р2, 3:36)

Воведни борби:
Брендон Морено – Брендон Ројвал ТКО (Р1, 4:59)
Хоакин Бакли – Џордан Рајт КО (Р2, 0:18)
Антонина Шевченко – Аријана Липски ТКО (Р2, 4:33)
Николас Долби – Даниел Родригез едногласна одлука (30-27, 29-28х 2)
Алан Јубан деф. Џаред Гуден едногласна одлука (30-27 x3)
Кајл Даукаус – Дастин Столцфус едногласна одлука (30-27 x2, 30-26)
Саша Палатников  – Луи Коске ТКО (Р3, 2:47)

Ова е петта последователна победа за Бразилецот. Тој победи на меч во УФЦ, пред донесување на одлука по седми пат.

Фигередо ја направи првата одбрана на појасот откако го победи Џозеф Бенавидес на 19 јули за испразнетата титула.

Според УФЦ 255, тој требаше да се бори против Коди Гарбранд, кој беше повреден и беше заменет со Перез.