Ален Бабиќ го нокаутира Литл и стигна до шестата профи победа

Ален Бабиќ стигна до својата шеста професионална победа. Хрватскиот тешкаш го совлада Британецот Том Литл со нокаут во третата рунда на саботниот настан во Мечрум на Вембли арената.

И двајцата влегоа жестоко во мечот. Бабиќ ја држеше средината на рингот и наметнуваше ритам што противникот добро го следеше. Тој го затресе Литл со еден лев директ, но се повлече.

Хрватскиот боксер беше уште поагресивен во продолжението, ударите светкаа од сите страни, но Том остана на нозе.

Се беше готово во третата рунда. Севиџ  тргно силно и го собори прв пат Литл. Британецот стана, но кога Бабиќ повторно го сруши, тоа беше тоа.

Во првата борба Лиам Дејвис го победи Шон Кернс и ја освои титулата англиски шампион во бантам категорија. И во вториот меч, Џез Смит го победи Бен Ридингс со судиска одлука.

Во главната борба во тешка категорија Конор Бен, синот на поранешниот шампион во средна и суперсредна категорија Најџел Бен, се бори против Германецот Себастијан Формеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО