ФФЦ 7-ММА дел: Спаховиќ славеше со судиска одлука, Сењеи го нокаутираше дефорт по голем пресврт!

Томислав Спаховиќ

ММА делот од саревскиот ФФЦ 7 настан ја одбележа победата на Томислав Спаховиќ над Камен Георгиев, но, исто така, со фантастичен пресврт Ласло Сењеи дојде до победа со нокаут. Победи забележаа и Владислав Генов, Дарко Стошиќ, Владимир Продановиќ и Адам Борикс.

Публиката во Сараево, сигурно не е разочарана од она што беше прикажано од 12 борци во ММА делот на ФФЦ 7 настанот. Публиката најмногу се радуваше  на победата на својот миленика Томислав Спаховиќ, кој победи со одлука на судиите против Бугаринот Георгиев, но, исто така, гласно беше поздравен пресвртот што го направи Ласло Сењеи.

Што се однесува до главната борба, бугарскиот борец апсолутно ги заслужи сите пофалби, затоа што, откако ја прифати борбата на ден пред настанот, тој издржа 15 минути против еден од најдобрите борци во регионот, а впечатокот го подобри со исклучително храбариот пристап, затоа што Камен не дојде да биде статист, туку да се избори и да се прикаже во најдобро издание.

Ласло Сењеи дојде до 4-0 во ФФЦ и, веројатно, следи борба за појас.

Резултати:

Владислав Генов – Герг Мунчеберг – Саб (армбар), прва рунда (02:16)

Дарко Стошиќ – Дионисиј Пападопулос – КО (граунд&паунд), прва рунда (00:59)

Владимир Продановиќ – Иван Скоко – КО (граунд&паунд), прва рунда (01:55)

Адам Борикс – Марко Бурушиќ – со едногласна одлука на судиите

Ласло Сењеи – Давид Дефорт – КО (граун&паунд), трета рунда (04:34)

Томислав Спаховиќ – Камен Георгиев – со едногласна одлука на судиите 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО