Федор направи семинар во Дубаи и покажа страотна форма! (ВИДЕО)

Emilijanenko udira

Штом Русите не сакаат да тренираат со Федор Емилијаненко, тогаш нека си ја гледаат работата. „Последниот император“ се насочи кон Обединетите Арапски Емирати .

 Поранешниот шампион од „Прајд“ минатата недела беше во Дубаи, каде што направи семинар за локалните ММА натпреварувачи, притоа им покажа техники за борба во стоење и на земја/партер. А дури и на тренингот, да се најдете под поранешниот шампион во самбо, не е едно од најпријатните места на кои може да се најдете.

 ОАЕ во последно време станува прилично топло место за боречки спортови. Освен што ОНЕ Чемпионшип и УФЦ прават натпревари во регионот, следниот месец Глори таму има турнир, а на 27 март ќе се одржи и ММА натпреварот Абу Даби вориорс 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО