Џејми Фокс ќе го игра Мајк Тајсон

Jejmi Fox

Режисерот Мартин Скорсезе ќе снима филм за славниот поранешен боксер, Мајк Тајсон.

Оваа вест ја пренесе „Boxingscene“, а потврди и самиот Тајсон, кој им се обрати на своите обожаватели со молба да ги изберат 10 -те негови најдобри нокдауни, кои би влегле во филмот.

Главната улога во приказната на режисерот Скорсезе му припадна на Американскиот актер Џејми Фокс, кој ќе се појави во улогата на славниот Мајк.

Фокс, кој е добитник на Оскар за улогата на познатиот музичар Реј Чарлс во истоимениот филм од 2004-та година, потврдил дека ќе ја одигра главната улога во лентата кој ќе рекреира некои од најдраматичните моменти во животот на спортистот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО