Федор Емелијаненко сака да организира голем турнир во спомен на таткото на Хабиб

Руската ММА легенда Федор Емелијаненко ќе ја има последната борба во кариерата на 4 февруари следната година на настанот Белатор 290 против Рајан Бадер.

Тоа ќе биде шампионски меч во тешка категорија. Федор има шанса да се врати кај американскиот борец за неговиот пораз во јануари 2019 година кога загуби со прекин за само 35 секунди.

Еден од најдобрите ММА борци оваа година требаше да ја има својата проштална борба на Црвениот плоштад во Москва, но поради руската инвазија на Украина тој настан беше откажан.

Но, по мечот против Бадер, Емелијаненко останува во боречките вештини.

Патувањето на руските ММА борци е ограничено поради санкциите, а Федор најави дека планира да организира серија турнири во Русија.

Еден од нив ќе биде во чест на таткото на Хабиб, Абдулманап Нурмагомедов, кој почина во 2020 година како последица на коронавирусот.

„Планираме турнири во Русија. Сакаме да организираме турнир во Ставропол, Новосибирск, и голем настан во спомен на Абдулманап Нурмагомедов во Саратов“, изјави Федор Емелијаненко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО