Роберт Витакер: Махачев нема да го постигне своето против Волкановски

Поранешниот шампион на УФЦ, Австралиецот Роберт Витакер смета дека Александар Волкановски ќе му зададе сериозни проблеми на Ислам Махачев.

Двајцата шампиони го предводат настанот УФЦ 284 кој ќе се одржи на 12 февруари 2023 година во Перт, Австралија. Во прашање ќе биде титулата во лесна категорија која ја држи Ислам. Александар има претензии да стане двоен шампион, но тестот е голем.

Букмејкерите не му даваат голема шанса на Австралиецот со македонско потекло кој ја има титулата во перолесна категорија. Да, Алекс ја расчисти својата категорија, но сега се движи кон големите. Тој во минатото се бореше во лесна и полусредна категорија, но тоа беше на почетокот на неговата кариера.

Токму во повисоката категорија Волкановски го доживеа единствениот пораз во кариерата. Сите очекуваат Ислам да го прегази Волкановски, но Витакер не се согласува.

„Мислам дека тоа е тешка борба, а Алекс се подготвува за овој тест. Волкановски е вистинска сила. Се бореше и во потешки категории. Нема да испадне како што мислат сите.

Мислам дека нема да видиме као Махачев си го постигнува своето во борбата со него. Мислам дека на Махачев му претстои тешка борба“, изјави Витакер за ФОКС спорт Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО