Европските олимписки боксерски квалификации нема да се одржат во Лондон

Европските олимписки квалификации за Олимписките игри во Токио, кои требаше да се одражат во април во Лондон, се преместени од Велика Британија.

Ова е најновата одлука на Меѓународниот олимписки комитет, кој работи боксерските квалификациски мечеви, откако АИБА е суспендирана. Причината за откажувањето на продолжението на квалификациите во Лондон е влошената состојба со пандемијата во Велика Британија.

Како што стојат работите сега, квалификацискиот датум останува ист, од 22 до 26 април 2021 година, но дополнително ќе биде објавен градот каде што ќе се одржи турнирот. Поточно, да се продолжи, затоа што веќе почна во март 2020 година како последно, воопшто, големо меѓународно спортско натпреварување во Европа од избувнувањето на пандемијата. Само по три дена турнирот беше прекинат поради зголемениот број на заразени боксери и тренери.

Да потсетиме, од нашите боксери настапија Гоце Јанески и Јасин Лама кои беа поразени во првото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО