Хабиб го покани Вил Смит во Дагестан

Хабиб Нурмагомедов, кој сè уште е неприкосновен шампион во УФЦ, се пофали дека се сретнал со холивудската ѕвезда Вил Смит. 32-годишниот борец на социјалните мрежи напиша дека го поканил во Дагестан и објавил фотографија од нивната средба.

„Орелот“ е борец број еден во светот, но во блиска иднина ќе биде отстранет од ранг-листата на УФЦ. Кон крајот на минатата година ја одбрани титулата со победа над Џастин Гејџи и најави повлекување од спортот.

Дана Вајт се потруди да го убеди да остане. Претседателот на УФЦ веќе се помири со одлуката на неговата ѕвезда и во следните недели Хабиб ќе се раздели со појасот.

Секако, тоа би можело да се промени доколку Нурмагомедов се реши да се врати за уште неколку битки.

„Беше убаво да се сретнам со легендата Вил Смит. Те чекам во Дагестан“, напиша Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО