ЕСПН: Џошуа и Пулев се разбраа за датата и местото на средабата

Штабот на светскиот првак Антони Џошуа постигна финален договор за меч со Кубрат Пулев, предизвкувач за титулата на ИБФ, објави ЕСПН.

Според информациите, двете стреани се договориле за 28 октомври, а местото е стадионот Милениум во Кардиф. Другата опција е Лас Вегас на 11 ноември и во наредните денови конечно ќе биде потврдена каде ќе се одржи средбата.

Како што е познато, Џошуа го освои шампионскиот појас по победата над Владимир Кличко. Џошуа требаше да има реванш меч со  Кличко на 2 декември, но Украинецот стави крај на спортската кариера, а Кубрат Пулев стана кандидат за титулата.

https://youtu.be/0QubWFM-qn0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО