Решено: Од 2018 година борбите ќе се држат во два дена

Од 2018 година борбите во секоја категорија ќе се водат во два дена, одлучи Бирото на Обединетото светско борење (UWW/ОБС).

Измените влегуваат во сила на 1 јануари.

„За да имаат натпреварувачите време за адаптација во вториот ден е предвиден толеранција од 2 килограми“, вели Цено Ценов, потпретседателот на ОБС и додава:

„И така ќе биде во текот на целата следна година. А од 2019-та веќе мерењето ќе е на точна килажа и во два дена“.

Овој формат беше експериментално спроведена на Европското за кадети во Сараево минатиот месец и наиде на сериозна поддршка од професионалци, тренери и спортисти.

Бирото денеска треба да донесе и други одлуки, како промена во категориите и да се произнесе за партерот во грчко-римски стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО