Мејведер: Мек Грегор ќе дојде претежок и за тоа ќе плати милиони (ВИДЕО)

Флојд Мејведер тврди дека Конор Мек Грегор ќе биде претежок на мерењето за борбата што ќе се одржи во саботата спрема недела во Лас Вегас.

Ако се случи тоа, го чека висока казна, рече Мани за Фајт хип. Боксерскиот натпревар е закажан во 12 рунди на тежина од 70 килограми.

„Конор Мек Грегор е екстремно тежок во овој момент … Мора да симне уште четири и пол килограми. Нека ги подготви тие дополнителни милиони. Нека Дана (Вајт, претседателот на УФЦ) или УФЦ  подготват дополнителни милиони, бидејќи некој ќе мора да ја плати казната. Вистинскиот шампион е дисциплиниран и многу разумен“.

Мејведер не откри од каде му е информирацијата дека Ирецот претежок.

„Ако биде претежок, ќе продолжиме да се бориме, но го чека тешка казна. Дај ми ги тие пари“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО