АктуелноБоксПрофесионален

Ентони Џошуа останува во Нигерија за да заздрави по фаталната несреќа

Британскиот боксер Ентони Џошуа ќе остане во Нигерија додека се опоравува од повредите здобиени во фаталната несреќа, изјави неговиот промотор во четврток.

„Како што претходно беше објавено, Ентони беше отпуштен од болница синоќа и ќе остане во Нигерија во следните неколку дена“, се вели во соопштението на „Мeчрум боксинг“.

Автомобил во кој се наоѓаше поранешниот шампион во тешка категорија и двајца негови соработници се судри со паркиран камион во понеделник на автопатот Лагос-Ибадан, кој ја поврзува државата Огун со Лагос. Двајцата соработници – Сина Гами и Латиф „Лац“ Ајоделе – загинаа во несреќата.

Џошуа беше отпуштен од болница во Лагос во среда попладне и им оддаде почит на своите починати пријатели во мртовечницата. Гами беше тренер за сила и кондиција на Џошуа, додека Ајоделе беше негов помошник тренер. Само неколку часа пред несреќата, Џошуа и Ајоделе објавија видеа на социјалните мрежи на кои играат пинг-понг заедно.

Комесарот за информации на државата Лагос, Гбенга Омотосо, во средата изјави дека Џошуа е отпуштен откако се проценило дека е клинички способен да заздравува дома.

Џошуа има семејни корени во Нигерија и кратко време, како дете, таму посетувал интернат. Тој има и нигериско државјанство. Целата боксерска заедница изрази сочувство до поранешниот шампион и семејствата на жртвите.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON