Ентони Џошуа му се закани на Френклин: Колку повеќе зборуваш, толку подлабоко си го копаш гробот! Во сабота ќе видиме крв

Иако не го слушаме често Џошуа да зборува такви работи, тој не му дозволи на Френклин да зборува на прес-конференцијата.

Нов предизвик го очекува Ентони Џошуа оваа сабота, а тоа е талентираниот Џермејн Френклин. Иако беше поразен во последниот настап, Френклин му подари на Дилieн Вајт многу тешка ноќ, a, според некои, победи. Сепак, поразот е забележан, но и покрај ова сега има животна шанса против поранешниот шампион Џошуа.

Поранешниот шампион најави дека ќе се пензионира доколку загуби оваа сабота, а поразот од Френклин навистина би бил показател дека тој повеќе не е боксер каков што беше. Френклин неколку пати повтори дека не го интересира „валкан муабет“ надвор од рингот, но сепак му се закани на поранешниот шампион дека ќе го убие во рингот. На тоа Џошуа не му остана должен:

„Ова е најлошото време за борба против мене. Колку повеќе зборуваш, толку е поголем гробот што си го копаш. Но, што е тука е, нели? Можам да кажам многу работи за него, но го почитувам противникот. Не е мое да зборувам, Еди Херн ја работи таа работа. Од мене е само да ја работам мојата работа во сабота навечер и на тоа сум фокусиран. Мислам дека ќе видиме крв“, рече Џошуа на прес-конференцијата.

Пред тоа на прес-конференцијата Френклин почна да кажува дека ќе го фрли на задникот и дека на крајот ќе му ги кренат рацете. Сепак, Џошуа реши да одговори, иако тоа не е нешто што често го слушаме од него.

Еди Херн рече дека планот сега е да се победи Френклин и потоа да се направи реванш против поранешниот ривал Дилиен Вајт. Потоа би сакале борба со Вајлдер или Фјури, но пред се треба да се фокусираат на Френклин, бидејќи во никој случај не е безопасен. Ако го победи, најверојатно следен е Дилиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО