Ентони Џошуа: Ќе го нокаутирам Кубрат Пулев во 11-тата рунда (ВИДЕО)

Ентони Џошуа се закани дека ќе го нокаутира Кубрат Пулев во 11-тата рунда во мечот за светската титула во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).

Средбата е на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон. Шампионот во интервју за онлајн компанија за обложување откри дека најверојатно ќе примени поинаква тактика од онаа со која си гиа врати појасите во реваншот со Енди Руиз.

Џошуа верува дека Пулев ќе боксира паметно, бидејќи еднаш ја пропуштил шансата да стане светски шампион. „Тој е во игра веќе некое време. Се искачи на највисоко ниво, но беше поразен (од Владимир Кличко). Покажа дека може да се движи во рингот, но изгуби. Веќе еднаш имаше шанса, а сега се враќа за втората прилика и најверојатно ќе се обиде правилно да ги изработи движењата. Очекувам почист и паметен Пулев. Знам дека може да погоди, бидејќи има неколку нокаути во неговата борбена-картичка“, рече Британецот.

„Стилови ми се слични“, рече шампионот и додаде: „Со сигурност ќе имаме сериозен меч. Ќе видите многу вештини и најверојатно ќе се стигне до нокаут, затоа што имате двајца боксери кои умеат да удираат”.

Ентони Џошуа има 23 победи (21 со нокаут) и 1 пораз. Скорот на Кобрата во професионалниот ринг е 28 победи, од кои 14 се со нокаут, и 1 пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО