Ентони Џошуа – Џозеф Паркер на 31 март во Кардиф

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО и ВБА, Ентони Џошуа (Велика Британија), ќе се сретне со светскиот првак на ВБО Џозеф Паркер (Нов Зеланд) на 31 март во Кардиф.

Сите детали за очекуваниот меч беа допрецизирани по долги преговори, а победникот ќе си замине со четири шампионски појаси, притоа во договорот има и клаузула за реванш, ако победи Паркер.

Џошуа (20 натпревари, 20 победи со нокаут) има загарантирани 65-70 проценти од приходите од дуелот или околу 20 милиони евра, без разлика од исходот на средбата, а Паркер (24 натпревари, 24 победи, 18 со нокаут) ќе заработи 30- 35 проценти или околу 10 милиони евра.

Победникот од мечот во текот на годината ќе се сретне со светскиот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (САД), кој ќе направи доброволна одбрана на титулата на 3 март против Луис Ортиз (Куба) во Њујорк.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО