Се појави ВИДЕО од инцидентот меѓу Жан Клод ван Дам и Гарбранд: Држи го тој глупак подалеку од мене!

Веста за инцидентот меѓу славниот актер Жан-Клод Ван Дам и поранешниот шампион во банатам  категорија на УФЦ Коди Гарбранд е стара. Меѓутоа, овие денови, на Јутјуб сервисот се појави видео снимка од инцидентот на која се гледа како актерот го удира Гарбранд во лицето.

За што точно станува збор? Ван Дам некое време беше во тимот „Алфа машко“ и со борците поминуваше некои техники на удари со нога. Техниките ги демонстрирал на поранешниот шампион на УФЦ, а во еден момент станал невнимателен и со ногата го удрил Гарбранд по забите. Гарбранд е познат по својата избувлива нарав, не успеал да го премине преку инцидентот, туку во салата се случи непријатна ситуација на работ на пожесток инцидент. Актерот се извинувал на борецот на УФЦ, но не помогнало многу.

Гарбранд проговори за оваа ситуација во подкастот „Реално брзо со Мајк Свик“.

„Мислев кој к.р? Ебано ме удри точно по забите, помислив „каков глупак“. Бев многу лут, експлодирав во себе. Го погледнав Роба, тогаш погледнав и спрема Жан и му реков на Роб да го држи подалеку од мене. Ме удри по забите. Ме удри по забите, а само се шегувавме. Колку пати меѓусебе се удираме, но секогаш во последната минута го запираш ударот. Овој човек ме погоди по забите. Не сакам да лажам, има ебано брзи удари со нозете, но идејата беше да ми покаже удари, а не да ме удари. Полудев, се ми се стемни“, рече Гарбранд.

По инцидентот, поранешниот шампион на УФЦ повеќе не сакаше да го поминува времето со филмската ѕвезда во салата, бидејќи беше премногу лут на него. На крајот, Гарбранд го прифати извинувањето на помирувачката вечера која Урија Фабер ја подготви за својот тим. Работата конечно беше изгладена, но не и без голем напор на лидерот на тимот.

„Така е, како е. На крајот се изгушкавме и тоа беше добро искуство со Жан. Има добри удари со нозете, не можам да лажам“, заклучи Гарбранд.

 

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО