ЕКСКЛУЗИВНО-Халдун Алагаш: Генетските предиспозиции и талентот се најбитните работи за да се биде шампион!

Alagas mavasi

Пред одржувањето на семинарот на Халдун Алагаш на 5 март во Скопје во спортската сала „Методија Андонов-Ченто“ во Маџари редакцијата на Ipon.mk направи ексклузивно интервју со големиот шампион на карате спортот во светот и европа.

Alagas so pehar

Господине Алагаш за прв пат даоѓате во Македонија како карате мајстор на семинар. Како дојде до оваа соработка со КК Куштрими?

Во 2012 година Ејуп Ѓуркан, кој живее и ја продлжи неговата карате кариера во Истанбул, ми се јави и рече дека неговиот братучед Самир Салиу ќе допатувал во Истанбул и сакал да се запознае и да тренира со мене. Јас со задоволство го прифатив барањето. Салиу дојде во Измит, каде што живеам, и тука имавме можност да тренираме заедно и да се запознаеме. Минатата година Ејуп ми се јави и ми кажа дека Самир организирал семинар во Македонија и ме покалнил мене. Со задоволство ја прифатив поканата за семинарот кој го организира Самир и неговиот клуб Куштрими.

Alagas plakat

Што може да видат посетителите на семинарот, односно какви техники ќе се работат?

На семинарот планирам да говорам за моите специјални текники. Исто така ќе обрнам внимание и на моите текники за борба и неколку тактики.

Alagas leta

 Очекувањата се големи, бидејќи доаѓа голем шампион. Како се станува голем каратист со многу титули – светски и европски?

Се заблагодарувам што ме нарекувате шампион. Се гордеам со тоа. Генетските предиспозиции и талентот се најбитните работи за да се стане шампион. Многу работа и дисциплина. Да се занаат правилата на браншата и кога ќе се постигне успехот да се биде скромен. Исто така се важни и целите за постигнување на успесите.

Во Турција сте многу популарен и по Вас се именувани улици, сала, а ви е изграден и споменик. Какво значење имаз то за Вас?

Не можам да ги опишам моите чувства што поради мои големи успеси моето име е ставено на улици и спортски сали, а мојата статуа е ставена во паркот на спортистите.

Haldun Alagas

Што знаете за Македонија, бидејќи на некој начин и Вие сте „Македонец“, затоа што родители на Вашата сопруга по потекло се од Тетово? Што знаете за македонското карате и за Македонија? Со кои од нив се имате сретнато и какво мислење имате за нив?

Македонија ми е позната по Александар Македонски и по Отоманската империја, која владеела 5 века на овие територии. Знам дека е убава земја. Каратето во Македонија се развива во последните години и има успешни каратисти, како Берат Јкупи, Мартин Нестаровски, Иво Цветковски, браќата Жарко и Сашко Арсовски, Емил Павлов итн. Ако не се лажам, сум имал меч со Иво Цветковски. Берат Јакупи го знам лично. Дојде во Измит и трениравме заедно. Јакупи е многу талентиран и успешен каратист.

Alagas vo borba

Што ви кажувале за Тетово и Македонија?

Дедо и на мојата сопруга Шабан Ајдин е дојден во Турција од градот Тетово од Македонија. Како што ми раскажуваше, тогаш немале презимиња, но нив ги знаеле по прекарот „ланаџии“ (продавач на зелка).

Што работите сега? Со што друго се занимавате, освен со карате?

Во моментов, во градот каде што живеам, работам како државен службеник во областа на спортот. Но, наместо во канцеларија работам во спортските сали како тренер.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО