Мани Пакијао сака да учествува на Олимпијадата во Рио

Mani Pakijao vo borbena pozz

„За мене би било чест да ја претставувам својата земја на Олимписките игри“, објави поранешната ѕвезда во средна категорија во професионалниот бокс, Мани Пакијао.

Филипинецот објави дека мечот му со Тимоти Бредли во април ќе биде последен во неговата кариера, но тој изрази подготвеност да ја продолжи кариерата до летото, за да учествува на Игрите во Рио. Пакијао има освоено светски титули во осум различни категории во професионалниот бокс, но никогаш не учествувал на Олимпијада.

„За мене би било чест да ја претставувам земјата на Олимписките игри. Ако побараат од мене да го претставувам боксот, зошто да не го направам тоа? Јас би направил се за татковината“, коментира Пакијао.

Во месец мај Меѓународната боксерска асоцијација ќе разговара и гласа за предложената промена во правилата на аматерскиот бокс, која ќе им овозможи на професионалците да учествуваат во Рио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО