Еди Херн за новата објава на Фјури за пензионирање: Тој е премногу несигурен

Во петокот Тајсон Фјури на социјалните мрежи објави дека става крај на професионалната кариера и им се заблагодари на луѓето во неговиот тим како и на сопругата Парис која го поддржуваше во текот на неговата кариера.

Објавата на шампионот во тешка категорија на ВБЦ доаѓа како малку изненадување, бидејќи доаѓа само неколку дена откако го предизвика Дерек Чисора на борба.

Познатиот промотер Еди Херн истакнува дека Кралот на Ромите намерно ја објавил веста за да привлече внимание, една недела пред Александр Усик да ги брани титулите во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО против Ентони Џошуа.

„Тајсон Фјури уште еднаш објави дека се пензионира, премногу е несигурен. Тој го прави ова секој пат кога Ентони се бори. Не знам како некој може да помисли на такво нешто, а потоа си вели: „Ова што ќе го правам сега е глупаво, но сакам да го оттргнам вниманието од Џошуа“, – рече Еди Херн и додаде.

„Тој вели дека не го интересираат пари, а потоа бара половина милијарда долари. Толку контрадикторности не сум слушнал од човек, а сега го подигна на ново ниво. Ајде да видиме што ќе се случи кога Џошуа ќе го нокаутира Усик, а потоа ќе го прозива Фјури“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО