Еди Херн: Фјури и Џошуа може да се откажат од сите титули, за да имаат пресметка

Според промоторот Еди Херн, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури размислуваат да се откажат од титулите во тешка категорија за да можат да имаат мега битка во 2021 година.

Џошуа е светски шампион во ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ, а Фјури е шампион на ВБЦ.

„Ни претстои неверојатна борба. Имаме таков состанок како план во блиска иднина, само институциите и здруженијата треба да го разберат. Ова ќе биде најголемиот меч во боксот и треба да го направиме тоа. Ќе биде поважен од сите појаси. Луѓето го сакаат тоа, го сакаме, на спортот му треба. Да ја отфрлиме целата политика. И Ентони и Фјури се подготвени да се откажат од своите титули, ако тоа е цената за овој меч”, рече Еди Херн.

ВБО сака Џошуа прво да се соочи со предизвикувачот Александар Усик, па дури потоа, во случај на победа, да го одржи мечот со Фјури.

Задолжителен предизвикувач во ВБЦ верзијата на Тајсон Фјури е Дионтеј Вајлдер, кој го очекува трета пресметка меѓу нив.

Апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија нема веќе 20 години. Во тоа време, Ленокс Луис ги поседуваше сите појаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО