Канело Алварез го фали Калум Смит, но истакнува: Искуството и вештината се на моја страна

Мексиканскиот боксер Канело Алварез (53-1-2) викендов се бори со Британецот Калум Смит (27-0) во Сан Антонио за титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и Ринг во суперсредна категорија.

Боксерскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Аламодом“ пред 12 000 гледачи.

„Ова е најдобриот период во мојата кариера. Се чувствувам силно, зрело и искусно. Се чувствувам подобро од кога било“, изјави Канело Алварез, кој за својот противник вели:

„Смит е апсолутно различен од другите борци со кои боксував. Висок борец со голем опсег на раце. Сака да удира во телото и одлично контрира. Ќе биде тешко, но јас сум подготвен. Верувам дека искуството и вештините се на моја страна“.

Мексиканецот ја откри тактиката со која ќе се обиде да го совлада противникот и да стигне до победата.

„Ќе треба да ја контролирам позицијата во рингот и да бидам на дистанца. Не смеам да трошам удари, мора да ги користам само кога сум сигурен дека прават штета. Моето искуство и вештини ќе бидат клучни за победа во мечот“, подвлече Канело Алварез.

На Мексиканецот тоа ќе му биде прва борба оваа година и прва откако раскина со Голден бој промоушнс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО