Дана Вајт: Сакам средба Џонс-Адесања во 2021 година

Дана Вајт сонува за битка меѓу легендата Џон Џонс и Израел Адесања во 2021 година. Во интервју за БТ Спорт, претседателот на УФЦ рече дека ова е битката што најмногу сака да ја види следната година. Вајт ќе даде се од себе да го реши тоа, но прво ќе мора да видиме дуел меѓу Израел Адесања и Јан Блахович. „Коски“ ќе биде зафатен затоа што планира да дебитираат во тешка категорија.

Вајт нема да му даде шанса за титула веднаш, бидејќи Френсис Нгану ќе ја добие оваа чест во март. Ова значи дека Џонс ќе треба да дебитира во тешка категорија против еден од врвните борци, а потоа да побара шанса. Овие се сите планови во моментот, но како и секогаш сè може да се промени.

„Џонс против Адесања е битката што би сакал да ја видам. Ме прашаа која битка би сакал да ја направам во 2021 година. Ова е битката што ја избирам.

Јас и Џонс се сретнавме пред една недела и имавме многу добар разговор. Тој е подготвен. Џонс е подготвен да се врати. Се разбираме“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО