Џошуа има 200 милиони фунти, а не троши ништо, живее живот за кој сите сонуваат

Ентони Џошуа (34) го нокаутираше Френсис Нгану во боксерскиот спектакл во Ријад, излезе од кризата и повторно се врати на врвот на светскиот бокс.

Откако ја загуби титулата од Олександр Усик, тој нанижа 4 победи и сега повторно ќе конкурира за шампионскиот појас.

Неговиот агент Еди Херн тврди дека тој моментално е најдобриот боксер во светот и дека е само прашање на време кога Џошуа повторно ќе стане светски шампион.

„Не постои човек кој може да го победи во моментов. Тој е дивјак, ѕвер, тој е најдобриот тешкаш на светот“, вели Херн.

Победата против Нгану му донесе огромни 40 милиони фунти (47 милиони евра), а таа сума го однесе неговото богатство над 200 милиони фунти (235 милиони евра).

Британецот повеќе заработи само од реваншот против Енди Руиз.

„Не троши ништо, а живее живот за кој сите сонуваат“

Очекувано, Џошуа живее удобно и луксузно, но тој всушност воопшто не ги троши своите пари.

Имено, неговите спонзори ги плаќаат речиси сите негови трошоци, така што целата заработка на боксерот оди на неговата сметка и таму се акумулира.

„Го гледате како лета со приватни авиони, носи скапи часовници, вози скапи автомобили, изгледа како расипнички да ги троши своите заработени пари. Но, сето тоа се пари од спонзорства. Тој никогаш во животот не платил за приватен авион или хеликоптер. Тој добива и автомобили од спонзори… Тој практично не троши ништо. Парите се акумулираат на неговата сметка, а тој живее живот за кој сите сонуваат“, изјави неговиот асистент Фреди Канингем.

Сепак, Британецот е многу одговорен со парите и не сака само да ги акумулира на сметка, туку често се одлучува за инвестиции.

258 инвестиции

На мајка си ѝ купил стан во Лондон во вредност од 175.000 фунти, а на поранешната сопруга и мајка на неговиот син ѝ купил пентхаус од 500.000 фунти.

Ентони вложил 25 милиони фунти во деловни простории во Лондон, а вкупно имал 258 различни инвестиции.

Минатата година тој ја направи најголемата – инвестираше 30 милиони фунти во имот од 279.000 квадратни метри.

Џошуа моментално живее во Вотфорд каде има три куќи вредни речиси 2 милиони фунти, а вистинската заработка допрва го чека.

Цела Британија, како и целиот свет, ја чека неговата борба со Тајсон Фјури, која уште ја нарекуваат „Битката на Британија“. Борбата за шампион на Островот може да му донесе нереални 150 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО