Собираат пари за лекување на Марк Колeман

Легендата на ММА Марк Колеман е во болница во тешка состојба.

Колеман, член на Куќата на славните и инаугуративен шампион на УФЦ во тешка категорија, беше хоспитализиран пред неколку дена. Лекарите сега се борат за неговиот живот. Поранешниот спортист направи херојски чин. Ги спаси родителите од пожар. Според достапните информации, на 12 март избувнал пожар во куќата на Марк.

Во тој момент сите спиеле, а кучето го разбудило Колеман. Кога поранешниот шампион го забележал пламенот, веднаш реагирал и се упатил кон собата на своите родители. Поранешниот борец ги изнел на улица во раце, а потоа се вратил во запалената куќа за да го спаси кучето.

За жал, Американецот не успеа да го извлече од огнот својот четириножен пријател. Во тоа време, Колеман веќе вдишувал чад, па изгубил свест. За среќа, спасувачите дошле на помош и дошле да го изгаснат пожарот. Тие успеаја да го спасат Марк од неизбежната смрт. Заради тоа поранешниот шампион заврши во болница, каде сега е на интензивна нега.

Ќерка му организираше кампања преку „Гоу фанд ми“ за да собере пари за неговото лекување. За само неколку часа успеале да соберат над 25.000 долари од потребните 50.000 долари. Да се ​​надеваме дека Марк ќе може да се опорави за да ужива во животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО