Двојниот победник „Јордан Мијалков“ – Никола Арсов на 21 јануари има огнено крштевање во ММА

nikola-arsov

Двојниот победник на Меѓународниот боксерски турнир „Јордан Мијалков“ во Штип, Никола Арсов, на 21 јануари во Загреб, Хрватска, дебитира во ММА водите.

Арсов ќе се сретне со Лука Чурковиќ во категоријата до 77 килограми на Муња фајтинг чемпионшип (МФЦ) во позната сала „Кутија шибица“. Никола влегува како замена на Златко Петровски кој ја откажа борбата.

nikola-arsov

Веднаш се поставува прашањето дали талентираниот и надежен боксер на БК Пинк Пантер го напушта благородниот спорт или паралелно да настапува и во двата?

„Па, планирам паралелно да настапувам. Од боксот не се откажувам, тој ми е на прво место, а после се ММА борбите“, вели Арсов.

nikola-arsov-so-trenerite-mijalkov-2016

За противнико не знае многу, освен дека има повеќе искуство од него.

„И, како секој борец очекувам победа. За борбата имав 20 дена за подготовки, краток период, но мислам дека е доволен“, констатира Арсов.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО